4 причини зошто СЕГА е вистинското време за дигитализација
При крајот на секоја година, секој од нас, како лично, така и професионално си посакува, позитивни промени во новата година. Иако често потребата за промени е внатрешна и е целосно наша иницијатива, некогаш истата е од надворешни фактори.
Кога станува збор за деловните организации во денешно време, кои се промените со кои што тие се соочуваат? Дали потребата за промени е повеќе внатрешна или е надворешен притисок?
Денес, еден од најголемите предизвици за компаниите е преодот кон дигитално работење и примена на дигитални решенија за постоечките деловни процеси. Тоа што претставува најсилен факт е дека, таа потреба од трансформација, колку е поттикната од надворешните фактори, исто толку е силна и во внатрешните структури. Што е застрашувачкиот факт?
Дигиталната трансформација не чека никој.
Секоја компанија која се сомнева дали и е тоа навистина потребно, дали да започне следната година или тогаш кога ќе има подобра бизнис клима – таа компанија ќе биде оставена назад, предалеку, за било кога да биде дел од конкурентска средина повторно.
Вистинското време е СЕГА.
Ова е времето за трансформирање и еволуирање на застарени и хартиени процеси и нивното физичко управување. Време кога не само ја замислуваме дигиталната иднина туку почнуваме да ја создаваме. Вистинско време за трансформација на едно хартиено минато преку унапредување на процеси и создавање на култура која припаѓа на иднината. Време на технологија. Дигитализацијата на основните процеси овозможува поголема длабочина на дигиталната зрелост на една компанија.
4 Предности зошто СЕГА е вистинското време за дигитализација на Вашата компанија:
1.ПРИСТАП (Затоа што СЕГА е време на глобален пазар кој непрекинато движи):
- Пристапот на дигиталните податоци е овозможен во секое време од било која локација.
- Вашите вработени можат да работат remotely и тоа во реално време.
2.УСОГЛАСЕНОСТ (Затоа што СЕГА е време на најголем ризик од проток и злоупотреба на податоци кои се движечка сила на дигиталното време):
- Индексираните дигитални податоци се полесни за мапирање со архивски знак, за разлика од хартиените документи.
- Лесното подесување на архивски знак на секој документ – создава непречени услови за редовно вршење селекција и уништување за временски невалидна документација.
- Рутината на уништување на документација го намалува ризикот од проток на информации и и помага на една организација да биде усогласена.
3.ПРОДУКТИВНОСТ (Затоа што СЕГА е времето кога “барање„ се очекува да биде одговорено во секунди):
- Конвертирање на строго-хартиените процеси во дигитални ја зголемува ефикасноста и намалува на трошоци во организацијата.
- Дигиталните процеси често го намалуваат времето за процесирање и ризикот на човечки грешки. Односно, повеќе се сработува, за пократко време и со многу помалку грешки.
- Внатрешните соработници и крајните корисници добиваат поточни резултати за многу пократко време од стандардното.
4.ИНОВАЦИИ (Затоа што дигиталната трансформација нема да застане на “СЕГА„)
- Дигиталната трансформација покажува дека организациската култура во Вашата компанија еволуира и држи чекор во дигиталната ера.
- Доколку само еден сектор започне со дигитализација, тој лесно ќе создаде поттик кај останатите сектори.
- Раните успеси кои ќе ги донесе дигиталната трансформација ја подготвуваат Вашата компанија за многу понапредни решенија кои следуваат – машинско учење и вештачка интелегенција.