31 Aug 2018

Ден без хартија?

За поголемиот дел од бизнисите, желбата да се движат кон едно целосно дигитално работно место станува се попосакувана и се пореална. 

Порано, главниот предизвик беше дека  самата технологија не ја овозможуваше целосната трансформација – додека денес, притисокот за дигитално трансформирање на бизнисот се префрли од технолошки предизвик во целосно бизнис-центричен пристап, со создавање на иновативни бизнис модели кои изобилуваат со можности.

Бизнисите преку трансформацијата не само што сѐ повеќе се ослободуваат од нивната зависност од хартија, туку веќе одат и чекор повеќе од тоа и постоечките деловни процеси си посакуваат да ги оптимизираат преку дигитализација и автоматизација.

Ова, во глобални рамки беше заклучено од светска анкета спроведена од AIIM за напредокот на тоа како 200.000 нејзини членови се движат кон безхартиено работење.

Резултатите од анкетата се следни:

Две третини од испитаниците изјавиле дека побарувачката за безхартиени процеси во нивната организација се зголемила, додека за половина од организациите количината на хартија што се консумира се намалила.

Во меѓувреме, дигиталните влезни документи се зголемиле,  што допринело  1 од 4 работници да работи во целосна дигитална средина.

Користењето на хартија во човечки ресурси се покажало како пониско кај процесот за регрутирањето (49%) и документацијата за работното досие (48%), додека употребата на хартија исто така се намалила за 41% кај излезната документација и 39% кај влезната.

Големи намалувања на хартија биле забележани во управувањето со архивата кај 39% од испитаниците, додека за 27% најголемото намалување било кај технички документи.

Придобивките од ова се јасни. Брзиот респонд кон клиентите бил најголемата придобивка (50%) проследена со повисока продуктивност (42%), додека 36% укажале на повраток на инвестиција во софтвер за безхартиено работење во период од 3 до 6 месеци. 

Paperless концептот на деловно работење, иако некогаш бил прилично нереален, денес е лесно опиплив и многу возможен. Но независно, од целиот напредок, од мотивацијата и покажаниот интерес, да се премине кон “безхартиено„ работење е сеуште долг процес.

Реалноста за многумина е дека хартијата сè уште има голема улога во повеќето работни процеси и секојдневни деловни активности.

На пример, обврските за преглед и одобрување сѐ уште имаат тенденција да бараат физички интеракции со информации базирани на хартија. 65% од испитаниците изјавиле дека се уште потпишуваат договори, формулари и барања – хартиено, а 51% кажале дека редовно скенираат документи за да ги архивираат, а не со цел активно да ги споделуваат кон колегите и одделенијата.

SCAN-TO-ARCHIVE е сеуште многу покористен процес од SCAN-TO-PROCESS.


Но, зошто ова не се случува насекаде? Зошто повеќето од нас немаат дигитална канцеларија?

Нашиот однос со хартијата е комплициран. Повеќето од нас сакаат да задржат физичко парче содржина, претпочитајќи – земање белешки, споделување, посебно потпис.

Во меѓувреме, управувањето со промените и давањето поддршка од страна на извршните позиции во една корпоративна средина останува предизвик кога станува збор за безхартиено работење.

Испитаници од истражувањето потенцирале на недостаток на свест кога станува збор за paper-free опции (39%) – јаз кој укажува на потреба за едукација за тоа како да се пристапи и иницира работење во дигитална околина. И додека интересот за замена на хартијата со дигиталните можности се зголемува, сè уште постои недостаток на иницијативи за воведување на новини. И како главна блокада од дури 47% е наведена рамнодушноста за дигитално управување.

За една компанија, дигиталната трансформација би започнала баш со постепена но ефективна  замена на хартијата со дигитални документи и информации, без разлика дали станува збор за дигитализација на хартија со помош на скенери или пренесување на хартиен влезен документ  во дигитални информации и управување со истиот во дигитална форма.

Најдобрата практика ни кажува дека ова е првиот чекор за обезбедување на информативниот екосистем.

Исто така е јасно дека Cloud – технологијата  го подобрува ова со овозможување на ангажирање на работната сила независно од физичката локациија, преземајќи оперативна ефикасност, продуктивност и одговорност на нови нивоа  – целосно без хартија.

За крај,  сите треба да бидеме охрабрени од дигиталната трансформација … затоа што:

Едно 🌳 произведува кислород за 3  👱🏼👱🏼‍♀️👦🏼.

Извор од Боб Ларивеј, главен аналитичар во AIIM.

31 Aug 2018

Вредноста на деловните информации 

Дали вашиот бизнис може повеќе?

Има потенцијална вредност во секоја деловна информација која ја поседувате. Независно од кој сектор доаѓате или од која индустрија.

Сигурно сте слушнале за терминот information assets — односно информациски капитал. По дефиниција информациски капитал во една компанија се сите информации кои имаат финансиска вредност за компанијата. Општо земено, ова значи дека одредени информации можат да ги зголемат приходите на компанијата или пак да ги намалат идните трошоци.

Што сѐ “според дефиниција„ се класифицира како вредност од информации за еден бизнис?

  1. Стратегии — Планови, цели кои се развиени за подобрување на иднината на организацијата.
  2. Производи и услуги — Информации кои директно се продаваат на потрошувачите како производ или услуга, како на пример истражувања, упатства, книги итн.
  3. Интелектуална сопственост — Вредни авторски права, трговски марки, патенти, софтвер кој што сте го развиле и други информации на кои им е дадена правна заштита.
  4. Трговски тајни — Техники, методи, процеси, процедури, формули и дизајни кои придонесуваат за вашата конкурентска предност.
  5. Проекти — Информации за старт ап на проекти, како што се барања, планови и дизајни. Историски информации од завршени проекти исто така имаат одредена вредност.
  6. Материјали за обука — Медиуми и содржини што ги користите за да ги обучите вашите вработени и партнери.
  7. Маркетинг медиуми — Рекламен постер или видео што се користи за генерирање на побарувачка или бренд свестност.
  8. Продажни алатки — Информативни алатки кои се корисни за продажба, како што е презентација, аналитика, статистика итн.
  9. Листи на клиенти — Податоци за клиентите и потенцијалните клиенти.
  10. Операции — Документација, софтвер и податоци кои се користат за комплетирање на процесите и процедурите. На пример, спецификации на производи кои се потребни за управување со производна линија.
  11. Поддршка на одлуки — Информативни алатки и податоци кои се користат за подобрување на одлуките.
  12. Финансиски — Информации како сметководствени податоци и финансиски извештаи.
  13. Организациска култура — Информации како приказни и визуелни симболи кои придонесуваат за организациската култура. На пример, сет на принципи што ги усвоил тимот за грижа на клиенти.
  14. Правни и усогласеност — Документи и податоци кои се задржани поради правни причини, како што се досиеа на вработените, даночни пријави итн.
  15. Истражување и развој — Информации за актуелните и историски иновативни иницијативи. На пример, истражување на пазарот за дизајн на нов производ.

Golden Birthday Party Essentials Blog Graphic (1)

Се прашувате како вашиот бизнис може повеќе?

1.Информации кои Ви решаваат “проблем„.

Имате “проблем„? — Знаете дека најголем процент од проблемите се решаваат по пат на аналогија. Доколку во минатото сте се соочиле со сличен предизвик, можеби решението и на новиот предизвик е слично. Имајте ги лесно достапни и употребливи информациите од минати предизвици, истражувања, развојни процеси итн. Одговорот на вашиот сегашен проблем, можеби се наоѓа во вашето деловно минато.

  • Вашиот бизнис добива предлог можни решенија

2. Информации кои Ви носат издржани одлуки.

Имате проект кој што треба да се заврши за 45 дена? Прегледајте ги извештаите од сите краткорочни проекти во вашата компанија. Анализирајќи ги соодветните извештаи и статистики од Вашето работење, ќе можете да донесете издржани одлуки многу полесно.

  • Вашиот бизнис ќе напредува со издржани одлуки

3. Информации кои ги насочуваат вашите вработени.

Потребните информации секогаш достапни до вашите вработени. Започнувајќи од сетот принципи за работа. Кога вие како компанија се грижите  вработените навремено да бидат информирани за се, тие навремено ќе се грижат за вашите клиенти.

  • Вашиот бизнис ќе стекне солидна организациска култура и беспрекорна грижа за клиенти. 

4. Информации кои ги продаваат вашите продукти/услуги.

Кога станува збор за “потенцијален клиент„ – имајте ги вашите информации при рака. Потребната презентација, првичната понуда, предлог договор. Направете ја најдобрата презентација во најповолната прилика!

  • Вашиот бизнис ќе создаде компактен и подготвен продажен тим.

5. Информации кои се основата на вашиот бизнис.

Трговски тајни – за овие информации, секогаш, буквално секогаш обезбедете врвно ниво на заштита, доверливост и пристап. Затоа што овие информации — се вашиот бизнис!

  • Сигурно минато – безбедна иднина за Вашиот бизнис.