4 причини зошто СЕГА е вистинското време за дигитализација

4 причини зошто СЕГА е вистинското време за дигитализација

При крајот на секоја година,  секој од нас, како лично, така и професионално си посакува, позитивни промени во новата година. Иако често потребата за промени е внатрешна и е целосно наша иницијатива, некогаш истата е од надворешни фактори.

Кога станува збор за деловните организации во денешно време, кои се промените со кои што тие се соочуваат? Дали потребата за промени е повеќе внатрешна или е надворешен притисок?

Денес, еден од најголемите предизвици за компаниите е преодот кон дигитално работење и примена на дигитални решенија за постоечките деловни процеси. Тоа што претставува најсилен факт е дека, таа потреба од трансформација, колку е поттикната од надворешните фактори, исто толку е силна и во внатрешните структури. Што е застрашувачкиот факт?

Дигиталната трансформација не чека никој.

Секоја компанија која се сомнева дали и е тоа навистина потребно, дали да започне следната година или тогаш кога ќе има подобра бизнис клима – таа компанија ќе биде оставена назад, предалеку, за било кога да биде дел од  конкурентска средина повторно.

Вистинското време е СЕГА.

Ова е времето за трансформирање и еволуирање на застарени и хартиени процеси и нивното физичко управување. Време кога не само  ја замислуваме дигиталната иднина туку почнуваме да ја создаваме. Вистинско време за трансформација на едно хартиено минато преку унапредување на процеси и создавање на култура која припаѓа на иднината. Време на технологија. Дигитализацијата на основните процеси овозможува поголема длабочина на дигиталната зрелост на една компанија.

4 Предности зошто СЕГА е вистинското време за дигитализација на Вашата компанија:

1.ПРИСТАП (Затоа што СЕГА е време на глобален пазар кој непрекинато движи):

  • Пристапот на дигиталните податоци е овозможен во секое време од било која локација.
  • Вашите вработени можат да работат remotely и тоа во реално време.

2.УСОГЛАСЕНОСТ (Затоа што СЕГА е време на најголем ризик од проток и злоупотреба на податоци кои се движечка сила на дигиталното време):

  • Индексираните дигитални податоци се полесни за мапирање со архивски знак, за разлика од хартиените документи.
  • Лесното подесување на архивски знак на секој документ – создава непречени услови за редовно вршење селекција и уништување за временски невалидна документација.
  • Рутината на уништување на документација го намалува ризикот од проток на информации и и помага на една организација да биде усогласена.

3.ПРОДУКТИВНОСТ (Затоа што СЕГА е времето кога “барање„ се очекува да биде одговорено во секунди):

  • Конвертирање на строго-хартиените процеси во дигитални ја зголемува ефикасноста и намалува на трошоци во организацијата.
  • Дигиталните процеси често го намалуваат времето за процесирање и ризикот на човечки грешки. Односно, повеќе се сработува, за пократко време и со многу помалку грешки.
  • Внатрешните соработници и крајните корисници добиваат поточни резултати за многу пократко време од стандардното.

 4.ИНОВАЦИИ (Затоа што дигиталната трансформација нема да застане на “СЕГА„)

  • Дигиталната трансформација покажува дека организациската култура во Вашата компанија еволуира и држи чекор во дигиталната ера.
  • Доколку само еден сектор започне со дигитализација, тој лесно ќе создаде поттик кај останатите сектори.
  • Раните успеси кои ќе ги донесе дигиталната трансформација ја подготвуваат Вашата компанија за многу понапредни решенија кои следуваат – машинско учење и вештачка интелегенција.