Дали вашиот бизнис може повеќе?
Има потенцијална вредност во секоја деловна информација која ја поседувате. Независно од кој сектор доаѓате или од која индустрија.
Сигурно сте слушнале за терминот information assets — односно информациски капитал. По дефиниција информациски капитал во една компанија се сите информации кои имаат финансиска вредност за компанијата. Општо земено, ова значи дека одредени информации можат да ги зголемат приходите на компанијата или пак да ги намалат идните трошоци.
Што сѐ “според дефиниција„ се класифицира како вредност од информации за еден бизнис?
- Стратегии — Планови, цели кои се развиени за подобрување на иднината на организацијата.
- Производи и услуги — Информации кои директно се продаваат на потрошувачите како производ или услуга, како на пример истражувања, упатства, книги итн.
- Интелектуална сопственост — Вредни авторски права, трговски марки, патенти, софтвер кој што сте го развиле и други информации на кои им е дадена правна заштита.
- Трговски тајни — Техники, методи, процеси, процедури, формули и дизајни кои придонесуваат за вашата конкурентска предност.
- Проекти — Информации за старт ап на проекти, како што се барања, планови и дизајни. Историски информации од завршени проекти исто така имаат одредена вредност.
- Материјали за обука — Медиуми и содржини што ги користите за да ги обучите вашите вработени и партнери.
- Маркетинг медиуми — Рекламен постер или видео што се користи за генерирање на побарувачка или бренд свестност.
- Продажни алатки — Информативни алатки кои се корисни за продажба, како што е презентација, аналитика, статистика итн.
- Листи на клиенти — Податоци за клиентите и потенцијалните клиенти.
- Операции — Документација, софтвер и податоци кои се користат за комплетирање на процесите и процедурите. На пример, спецификации на производи кои се потребни за управување со производна линија.
- Поддршка на одлуки — Информативни алатки и податоци кои се користат за подобрување на одлуките.
- Финансиски — Информации како сметководствени податоци и финансиски извештаи.
- Организациска култура — Информации како приказни и визуелни симболи кои придонесуваат за организациската култура. На пример, сет на принципи што ги усвоил тимот за грижа на клиенти.
- Правни и усогласеност — Документи и податоци кои се задржани поради правни причини, како што се досиеа на вработените, даночни пријави итн.
- Истражување и развој — Информации за актуелните и историски иновативни иницијативи. На пример, истражување на пазарот за дизајн на нов производ.

Се прашувате како вашиот бизнис може повеќе?
1.Информации кои Ви решаваат “проблем„.
Имате “проблем„? — Знаете дека најголем процент од проблемите се решаваат по пат на аналогија. Доколку во минатото сте се соочиле со сличен предизвик, можеби решението и на новиот предизвик е слично. Имајте ги лесно достапни и употребливи информациите од минати предизвици, истражувања, развојни процеси итн. Одговорот на вашиот сегашен проблем, можеби се наоѓа во вашето деловно минато.
-
Вашиот бизнис добива предлог можни решенија
2. Информации кои Ви носат издржани одлуки.
Имате проект кој што треба да се заврши за 45 дена? Прегледајте ги извештаите од сите краткорочни проекти во вашата компанија. Анализирајќи ги соодветните извештаи и статистики од Вашето работење, ќе можете да донесете издржани одлуки многу полесно.
-
Вашиот бизнис ќе напредува со издржани одлуки
3. Информации кои ги насочуваат вашите вработени.
Потребните информации секогаш достапни до вашите вработени. Започнувајќи од сетот принципи за работа. Кога вие како компанија се грижите вработените навремено да бидат информирани за се, тие навремено ќе се грижат за вашите клиенти.
-
Вашиот бизнис ќе стекне солидна организациска култура и беспрекорна грижа за клиенти.
4. Информации кои ги продаваат вашите продукти/услуги.
Кога станува збор за “потенцијален клиент„ – имајте ги вашите информации при рака. Потребната презентација, првичната понуда, предлог договор. Направете ја најдобрата презентација во најповолната прилика!
-
Вашиот бизнис ќе создаде компактен и подготвен продажен тим.
5. Информации кои се основата на вашиот бизнис.
Трговски тајни – за овие информации, секогаш, буквално секогаш обезбедете врвно ниво на заштита, доверливост и пристап. Затоа што овие информации — се вашиот бизнис!
-
Сигурно минато – безбедна иднина за Вашиот бизнис.